Ана Цветановска второпласирана на Мавровскиот меморијал на трката на пет километри индивидуално

цветановска
фото: facebook.com/makedonskiolimpiskikomitet.mok/

Македонија и Маврово повторно беа домаќини на најстариот нордиски куп на Балканот, 59 Мавровски меморијал. Овој настан се одржува во сеќавање на загинатите градители на хидросистемот „Маврово“.

Натпревар, воедно и ФИС Балкан Куп, кој беше во организација на Скијачката федерација на Македонија, Меѓународната скијачката федерација (ФИС) и ски клубот Мирна Долина се организираше на 8 и 9 февруари.

Вкупно 70 натпреварувачи учествуваа од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија и Грција.

Кај жените во трката на пет километри првото место одржана на 8 февруари го освои Ања Илиќ од Србија со време од 15:50.5 мин. На втората позиција се најде Ана Цветановска од Македонија (15:57.0) која освои 76,21 ФИС точки, додека третопласирана беше Параскеви Ладопулу од Грција (17:28.8).

Еден ден подоцна во истата дисциплина Цветановска исто така беше второпласирана (14.50.4 мин.) со 86,67 ФИС точки, зад победничката Илиќ, а пред Сара Плакаловиќ од Босна и Херцеговина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот