Американски научник објаснува што точно ќе се случува со корона вирусот

Фармацевтските индустрии мора да работат на откривање вакцина која брзо ќе биде тестирана и подготвена во доволни количини за следната сезона.

Постои голема веројатност корона вирусот да стане сезонско заболување, затоа неопходно е да се пронајде вакцина вели американскиот научник Ентони Фаучи кој ги води истражувањата за инфективни болести на националниот институт за здравје.

Тој истакнува дека вирусот сега почнува да се шири и на јужната хемисфера иако земјите влегуваат во зимски период. Доколку и таму се рашири голема епидемија мора да бидеме подготвени дека и кај нас повторно ќе се појави, вели Фаучи.

Тој апелира фармацевтските индустрии мора да работат на откривање вакцина која брзо ќе биде тестирана и подготвена во доволни количини за следната сезона.

Во моментов се прават клинички испитувања врз луѓе со две вакцини, едното се спроведува во САД а другото во Кина, со што таа би можела да излезе на пазарот за една година или година и половина.

Исто така се проучува и начинот на лечење – се тестираат некои нови лекови како и веќе постоечки кои претходно имале друга намена.

Во однос на сумамедот и неговото дејство вели дека во моментов користењето на овој лек дава во некои случаи позитивни резултати но тие не се официјално потврдени особено не со опсежно истражување.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот