Аманда Сејфрид /Чарли Кирк - Фото: Инстаграм/ Profimedia

Аманда Сејфрид не попушта: „Нема шанса да се извинам за коментарите за Чарли Кирк“

Актерката Аманда Сејфрид не се откажува од своите контроверзни коментари за починатиот политички активист Чарли Кирк и порача дека нема намера да се извини, пишува „Пејџ сикс“. Кирк беше убиен во септември, а Сејфрид на Инстаграм ја коментираше неговата смрт со зборовите „Беше полн со омраза“, што предизвика лавина реакции.

Откако нејзината кратка изјава предизвика бура на социјалните мрежи, актерката дополнително го појасни својот став.

„Го забораваме нијансирањето на човечноста“, напиша. „Можам да бидам лута поради мизогинијата и расистичката реторика, и истовремено целосно да се согласам дека убиството на Чарли Кирк беше апсолутно вознемирувачко и незамисливо. Никој не треба да доживее вакво ниво на насилство.“

„Оваа земја тагува за премногу бесмислени и насилни смртни случаи и престрелки“, додаде. „Можеме ли барем околу тоа да се согласиме?“

Сега, во ново интервју за „WhoWhatWear“, Сејфрид повторно ја отвори темата и инсистираше дека воопшто не жали за своите зборови.

„Нема шанса да се извинам за тоа. Мислам, еј, коментирав една работа. Реков нешто што се темелеше на вистинска реалност, на вистински снимки и вистински цитати“, изјави таа.

„Она што го реков беше проклето фактички точно, и, се разбира, имам право на сопствено мислење“, продолжи. „Фала му на Бога за Инстаграм. Успеав да внесам малку јасност, и сè беше за тоа да си го вратам гласот, затоа што чувствував дека ми беше украден и изваден од контекст — што, нормално, луѓето го прават.“

Сејфрид не беше единствената славна личност што ја коментираше смртта на Керк. Актерката Џејми Ли Кертис ги нарече неговите ставови „одвратни“, но нагласи дека тој бил татко на две деца и човек на верата.

„Не се согласував со него речиси ни во една точка што некогаш сум ја слушнала, но верувам дека беше човек со вера. И се надевам дека во моментот кога почина, се чувствувал поврзан со својата вера“, рече таа во поткастот „WTF“.

„Иако неговите идеи ми беа одвратни, сè уште верувам дека бил татко, сопруг и човек со вера. И се надевам дека почувствувал било каква поврзаност со Бог.“

Кертис подоцна појасни дека не зборувала позитивно за него, туку дека „едноставно зборувала за неговата вера во Бог“.

Џејми Ли Кертис налути многу луѓе со коментарите за Чарли Кирк, сега се обиде да се оправда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот