Фото: rkeurofarmpelister.com

Алушовски: Ќе се обидеме да изненадиме против Барселона ако ни се укаже шанса

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска од 20.45 часот ги чека гостување кај Барселона во ЕХФ Лигата на шампионите, дуел кој за битолскиот состав ќе биде последен во ракометната елита оваа сезона бидејќи од претходно ги загубија шансите за место во плејофот.

Стевче Алушовски, тренерот на актуелниот македонски првак ги сподели очекувањата за вечерашниот натпревар:

Барселона е лидер во нашата група и во моментов игра можеби најдобар ракомет во Европа. Составена е од голем број интернационалци, како искусни, така и млади репрезентативци на Шпанија. Оваа екипа има систем кој долго го игра. Ние нема што да загубиме на овој натпревар, туку можеме само да добиеме. Најмногу за да останеме во еден силен натпреварувачки ритам, затоа што веќе в недела ни следи дербито на сезоната. Се подготвуваме за Барса како и за секој друг натпревар, бидејќи добро ни дојдоа овие 3-4 натпревари од Европа за да бидеме максимални во плејофот.

Анализираме кои се слабите страни во одбрана и во напад, ќе пробаме да го имплементираме нашиот систем и да одговориме на играта на Барселона. Имаме мали кадровски проблеми, Филип Кузмановски уште не е во тренажен процес, но се подготвуваме максимално. Очекувам натпревар за уживање, можеби нема да биде сличен како оној во Битола, но ќе се обидеме да изненадиме ако ни се укаже шанса – се зборовите на Алушовски.

Правдата на мечот во Шпанија ќе ја делат Свавар Петурсон и Сигурдур Трастарсон од Исланд, а ЕХФ делегат е Леополд Калин од Словенија.

На првиот меѓусебен меч одигран на 15 октомври 2025 година во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, триумфираше Барселона со резултат 30:34 (13:17).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот