Алушовски: Брест е благ фаворит, но подготвени сме да нив 

Ракометарите на Вардар во среда (18.45 ч.) ги започнуваат настапите во новата сезона во Лигага на шампионите со гостувањето кај стариот познаник Брест Мешков.

Вардарци во новата сезона влегуваат со големи промени кои беа направени во текот на летото како во раководните структури така и во играчкиот кадар.

По заминувањето на Сергеј Самсоненко, старо-нов претседател е Михајло Михајловски, додека тренерот Стевче Алушовски доби неколку нови ракометари кои ги засилија „црвено-црните“, но амбициите на клубот остануваат најмалку пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите.

– Дуелот со Мешков Брест е прв од низата што не очекуваат во Лигата на шампионите. Тоа што досега го одработивме беше една подготовка токму за овој меч. Секако имавме големи проблеми на сите пријателски натпревари како и на фајналфор турнирот во Задар, и пред се мислам на играта во офанзивата. Задоволен сум како сме подготвени од овој натпревар, Мешков Брест е наш стар познаник, редовен учесник на фајналфор турнирите во СЕХА Лигата и сериозен противник во ЛШ. Со доаѓањето на Скубе тие добија нов квалитет. Ја имаат благата фаворитска улога поради домашниот терен. Јас очекувам да го подигнеме нивото на играта во напад, добро го анализиравме противникот и видовме кои се нивните слаби страни. Ќе дадеме максимум и се надевам тоа ќе биде доволно за поволен резултат во Белорусија – вели тренерот Алушовски.

Прочитајте и...  Гатузо: Елмас и натаму позитивен на ковид-19!

Еден од новите ракометари на Вардар е и српскиот „бомбардер“ Марко Вујин кој исто така се надева на позитивен резултат на стартот од ЛШ.
– Започнува ЛШ, мислам дека одработивме едни квалитетни подготовки. Ова е комплетно нова екипа на Вардар така што имавме видливи проблеми во пријателските натпревари, тука мислам на воиграноста која не беше на посакуваното ниво, но работите одат на подобро од ден во ден. Се надеваме на добар натпревар во Брест кого го гледавме на Ф4 во Задар. Тоа е сериозна екипа која има искуство со играње во ЛШ и сигурно е дека не очекува тежок натпревар, во ЛШ нема лесни противници. Доколку одигравме кватетно и во напад и во одбрана и го намалиме бројот на технички може да се надеваме на добар резултат – вели Вујин.

Прочитајте и...  Трка со времето: Дали Роналдо ќе игра против Меси?

Поврзани вести

Томас Милер е легенда: Играме против најголемите хулигани во фудбалот, а јас добивам жолт картон

Слободен печат

Игравме див фудбал, но најважна е победата

Слободен печат

Бурно е во „кралскиот“ клуб, Перез во соблекувалната му дал ултиматум на тренерот Зидан

Слободен печат

Синот на легендарниот Турам преку Гугл го докажувал идентитетот на редарите пред „Џузепе Меаца“

Слободен печат

ВИДЕО: „Граѓаните“ со пресврт, Суарез уште еднаш немоќен пред Баерн!

Слободен печат

ВИДЕО: Фантастичното лево крило на Металург во Топ 5 голови на Лига Европа!

Слободен печат

Остави Коментар