Алиоски и Барди стануваат клупски соиграчи?

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Како што стојат работите, изгледа дека македонските репрезентативци Езгјан Алиоски и Енис Барди можат да станат и клупски соиграчи, барем според најавите на турските медиуми.

Во текот на вчерашниот ден од турските медиуми се појави информација дека Трабзонспор чека зелено светло од тренерот Бјелица за да тргне по потписот на Алиоски, денес има дополнување. Според последните информации, Бејлица сака да го има Алиоски на располагање во новата сезона.

Алиоски пред неколку дена ја потврди разделбата со Фенербахче, а со ова добива прилика да продолжи да настапува во турското првенство. Кога е Барди во прашање, се поврзуваше со заминвуање, но последните информации и за него се дека наредната сезона ќе го носи дресот на Трабзон.

Во меѓувреме со турскиот клуб се поврзуваше и уште еден македонски репрезентативец, Валон Етеми кој го носи дресот на Истанбулспор. Инаку, Алиоски беше блиску до преселба во Трабзон и пред две години, но тогаш се одлучи за Ал Ахли од Саудиска Арабија каде што не се задржа долго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот