Трабзонспор започнал преговори за доведување на Етеми?

Фото: İstanbulspor A.Ş.

Поранешниот турски шампион и се уште клуб на македонскиот Енис Барди покажал сериозен интерес за ангажман на Валон Етеми, според информациите од Турција овој трансфер би можел да биде комплетиран во наредните неколку дена.

Етеми има солидна сезона зад себе во дресот на Истанбулспор за кој постигна 12 гола и додаде четири асистенции и во Трабзон сметаат дека може да биде идеално засилување.

Во турските медиуми се истакнува добриот однос помеѓу двата клуба што е дополнителна причина да се верува дека Етеми наскоро може да се пресели во клубот на Барди и да стане негов соиграч, секако ако Барди остане, бидејќи се најавува негово заминување.

Договорот на Етеми со Истанбулспор е со важност до 2025 година и според сајтот специјализиран за вредноста на фудбалерите „Трансфермаркт“, вреди околу два милиони евра.

Ќе потсетиме, со Трабзон неодамна се поврзуваше и Аријан Адеми, но не изгледа реално дека Адеми толку брзо ќе го напушти Пекинг Гуан каде што неодамна пристигна од Динамо Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот