ВИДЕО | Официјално: Алиоски ќе го напушти Фенербахче

фото: instagram.com/fenerbahce

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски официјално се разделува со Фенербахче, ова го потврди и на социјалните мрежи.

Нашиот играч изминатата сезона ја играше како позајмица во турската екипа од редовите на саудискиот клуб Ал Ахли.

Во едногодишната позајмица во турската Суперлига имаше 17 настапи и еден постигнат гол во домашната победа над Адана Демирспор (4:2).

– Секогаш е тешко да се каже збогум, но тоа е животот. Ви благодарам многу за поддршката. Беше чест да се биде дел и да се игра за Фенербахче. Ви посакувам сè најдобро, многу успех и среќа – вели Алиоски.

Во својата клупска кариера Алиоски беше дел и од Лидс јунајтед, Лугано, Шафхаузен и Јанг Бојс.

ФОТО+ВИДЕО: Езѓан Алиоски со трофејот во Купот на Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот