ФОТО+ВИДЕО: Езѓан Алиоски со трофејот во Купот на Турција

фото: instagram.com/gjanni.alioski

Во финалето на турскиот фудбалски Куп составот на Фенербахче со резултат 2:0 го совлада Башакшехир.

Стрелец на двата голови беше белгискиот интернационалец Батшуаји во втората и 29 минута од натпреварот. За Фенер ова е седма титула во натпреварувањето, а Башакшехир по третпат е поразен во финалните куп мечеви.

Во составот на Фенербахче за финалниот меч не беше Езѓан Алиоски, но секако по победата го славеше освојувањето на купот.

Алиоски последен доаѓа на подготовките на македонската А репрезентација која наскоро ќе ги продолжи квалификациите за ЕП 2024.

Потсетување на 16 јуни во Скопје избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе играат против Украина, а три дена подоцна гостуваат кај Англија во Манчестер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот