Граѓански судири со полицијата во Тирана, уапсена сопругата на претседателот, ЕУ реагира на смирување (ВИДЕО)

Европската Унија повика на смирување на ситуацијата во Албанија каде полицијата се судри со демонстрантите додека во тек беше уривање на Народниот театар во Тирана.

„Од утринава со загриженост ја следиме ситуацијата на терен. Повикуваме сите страни да се воздржат и да избегнат ескалација на ситуацијата – се неведува во соопштението на Делегација на ЕУ во Албанија.

Делегацијата на ЕУ на својот Твитер профил оцени дека до уривањето на Народниот театар во Тирана се случил и покрај тоа што официјален претставник од Брисел повикал на дијалог помеѓу власта и опозицијата пред да биде донесена било каква одлука.

– Жалиме што на нашиот повик не се огласија релевантните национални и локални институции – изјавиле преставниците на ЕУ.

Медиумите денеска известуваат за инциденти во Тирана по одлуката на албанската Влада да го урне стариот театар кој го изградиле италијаните додека ја окупирале Албанија во текот на Втората светска војна, наспроти ставот на уметниците и дел од граѓаните кои сакале реновирање на објектот.

Во написите се наведува дека меѓу демонстрантите се и некои лидери од опозицијата кои повикуваат на уривање на владата во Тирана.

Како што може да се види на видеото од протестите денеска, полцијата во комбе ја внесува и сопругата на албанскиот претседател Илир Мета.

Мета денеска остро реагираше на уривањето на објектот на Националниот театар, нарекувајќи го овој чин уставен криминал и наредба на мафијата на власт, а обвини и за полициско насилство врз театарски уметници и новинари кое го нарече „црна дамка за мафијата на власт”.

Пред неколку дена, сопругата на претседателот која беше уапсена денес, инаку лидерка на третата по голема политичка партија во Албанија, Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади вчера заработи и парична казна, а во исто време и беше одземена и возачката дозвола поради непочитување на полициски час.

Моника во вчера во 22 часот им се придружила на актерите и други граѓани кај Националниот театар, кои повеќепати протестираа против одлуката за негово уривање.

Сопругата на Илир Мета остана без возачка, излегла да протестира во полициски час

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот