Мета: Уривањето на театарот уставен, законски и морален криминал

Во исто време, додава Мета, полициското насилство врз театарските уметници и новинарите е „црна дамка за мафијата на власт”.

Албанскиот претседател Илир Мета денеска остро реагираше на уривањето на објектот на Националниот театар, нарекувајќи го овој чин уставен криминал и наредба на мафијата на власт.

„Пред неколку часа, во екот на темнината, мафијата нареди уништување не само на еден од најзагрозените споменици на културното наследство во Европа, туку и на секоја илузија за постоење правна држава во Албанија, напиша Мета на Фејсбук.

Во исто време, додава Мета, полициското насилство врз театарските уметници и новинарите е „црна дамка за мафијата на власт”.

„Оваа слика ќе биде запаметена на ист начин како казмите на диктатурата во ’67 над црквите и џамиите.

Ова е уставен,законски и морален криминал, за што нема амнестија, напиша Мета.

Тензичната ситуација пред сега веќе некогашниот објект на театарот продолжува. На повик на опозицијата се поголем е бројот на граѓаните.

Кои ќе бидат следните активности на опозицијата ќе се знае по средбата на лидерите на партиите кои ја сочинуваат обединетата опозиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот