АЛБАНСКАТА МАФИЈА Е ПРОБЛЕМОТ НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН! Цела дрога оди преку нив, екстремистите имаат силни упоришта на Косово

профимедиа

Проблем број еден за земјите од Западен Балкан не е исламскиот екстремизам, туку албанската мафија, изјави Џон Номикос, професор и директор на Инстражувачкиот институт за европски и американски студии во Атина.

Тој во интервјуто за Косово Онлајн, изјави дека албанската мафија во свои раце ја држи речиси целокупната европска трговија со наркотици, покрај трговијата со луѓе и перењето пари, а ЕУ во овој момент не е во можност да размислува за проширување односно за примање на нови членки од Балканот.

– Против екстремистите можете поефикасно да се борите, бидејќи тие не го корумпираат системот како албанската мафија, која располага со големи пари и лесно се инфилтрира во системот. Освен тоа, албанската мафира соработува и со исламските екстремисти преку разни работи како нелегални пасоши, трговија со луѓе…Албанскиот организиран криминал е опасност број еден во овој момент, во тоа нема сомнеж, изјави Номикос.

Според неговите зборови, постојат силни упоришта на исламските екстремисти на Косово, во Северна Македонија и Албанија.

– Радикални елементи имате секаде, постојат држави кои се подготвени да ги финансираат, како Катар и други. Во моментов, сепак, имаме „микроколумбија“ во внатрешноста на Западен балкан, и тоа е неприфатливо, бидејќи ако тие земји би влегле во ЕУ, тоа би било вулкан кој би еруптирал. ЕУ веќе има големи проблеми како Брегзит и тешко дека во овој момент би можела да го преживее и албанскиот организиран криминал – вели Номикос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот