Актерот покажа дека знае и да танцува – Жан Клод Ван Дам доби главна улога како танчер (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Во видеото за новиот сингл „Ultrareve“ на групата AaRON, главната улога ја игра славниот актер Жан-Клод Ван Дам.

Овој видеоспот го режирала неговата ќерка Бјанка. Според Симон Бурет и Оливие Курзиер од дуото AaRON, Ван Дам ги контактирал затоа што му била потребна музика за неговиот нов филм. Потоа го информирале дека тие завршиле со снимањето на новиот албум, што го заинтересирало Ван Дам.

„Жан Клод ни се јави и ни рече колку многу му значи оваа песна. Тој предложи неговата ќерка Бјанка да го режира видеото кое беше снимено во Лос Анџелес. Така сонот стана реалност“ – велат од дуото АаРоН.

Не само што ќерката на Ван Дам го режирала видеото, туку и неговиот син Крис учествувал во снимањето, како снимател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот