Актерот од „Пријатели“ откри трогателни детали од погребот на Метју Пери

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Актерот Хенк Азарија се појави во неколку епизоди на „Пријатели“ како момчето на Фиби, Дејвид, а за време на снимањето на серијата особено се зближи со Метју Пери, кој го глумеше Чендлер. Сега тој изјави дека на погребот на Метју Пери имало многу солзи, но и смеа.

„Бев на погребот. Како што можете да претпоставите, беше тажно. Тој беше урнебесен човек, па и сите се смеевме и плачевме сеќавајќи се на него. Секој од нас изгубил некого. Но целиот свет го загуби него. Дури е и убаво што цел свет го дели тоа чувство“, изјави Азарија за „Месинџер“ (The Messenger).

Инаку, актерите останаа блиски пријатели до трагичната смрт на Пери, што особено го погоди Азарија. Тој кажа и дека често одел на натпревари со Пери и дека омилени спортови му биле хокејот и кошарката. Хенк се прости и од својот пријател на Инстаграм.

За потсетување, најблиските пријатели и семејството на починатиот актер се собраа на интимна церемонија во Меморијалниот парк Форест Лон во Лос Анџелес, во близина на студиото „Ворнер Брос“, за да му кажат последно збогум на Пери.
Заедно со многубројните пријатели и членови на семејството, на погребот беа присутни и колегите на Пери од серијата „Пријатели“.

Фото: Инстаграм/ Hank Azaria

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот