Актерот беше француско „национално богатство“: Сите жени што ги љубеше вечниот заводник Белмондо, до последен здив

Фото: Profimedia

Во прегратките на заштитното лице на францускиот нов бран, актерот Жан-Пол Белмондо, кој почина во понеделникот, се најдоа едни од најубавите актерки, како Кетрин Денев, Софија Лорен, Клаудија Кардинале и Франсоас Дорлек. Освен во заедничките филмови, вечниот заводник Бебел љубеше убави актерки и во реалниот живот, како Урсула Андрес и Лаура Антонели, а иако кружеа гласини за романсите со многу познати дами, овие жени го обележаа неговиот живот.

Фото: Profimedia

Жан – Пол Белмондо, кој почина на 6 септември на 89-годишна возраст, одамна е секс-симбол на француската кинематографија, а својот статус го докажа со многуте убавици што поминаа низ неговиот живот.

Жените го обожаваа Бебел

Првата со која се ожени беше Елоди Константин. Се венчаа во 1952 година и во бракот добија три деца; Патриција (1954) која трагично почина во 1994 година, Флоренс (1960) и Пола (1963). Бебел се раздели со Елоди во 1965 година, а официјално се разведоа во 1968 година.

Фото: Profimedia

Во 1965 година, партнерка на Белмондо во филмот „Човекот од Хонг Конг“ му беше поранешната манекенка, швајцарската актерка Урсула Андрес. Хемијата помеѓу двата секс-симболи беше премногу силна, па иако двајцата беа во брак, влегоа во врска што резултираше со разводи. Љубовта помеѓу Белмондо и Андрес пукна во 1972 година, кога Белмондо ѝ фрли око на италијанската актерка Лаура Антонели. Со неа остана во мошне турбулентна врска до раните 80-ти години, кога повторно најде нова љубов на работа.

Во неговиот филм „Маргиналец“ од 1983 година, проститутката ја глумела бразилската пејачка и актерка Карлос Сото Мајор, на чиј шарм паднал Белмондо и останал со неа следните шест години. Во тој период снимиле уште два филма, а за разделбата била виновна нејзината љубомора.

Фото: Profimedia

Белмондо повторно се оженил во 2002 година со Нати Тардивел, која била повеќе од 30 години помлада од него, со која се запознал во 1989 година. Во 2003 година, им се родила и ќерката Стела, а по 20 години заеднички живот, парот се развел во 2008 година. Иако поранешните сопружници останале во добри односи и на овој брак, наводно, му пресудила друга жена.

Фото: Profimedia

За врската на Бебел со поранешната зајачица на „Плејбој“, Барбара Гандолфи, 40 години помлада од него, многу се пишувало, а се ширеле гласини дека нејзината намера била финансиски да го „олесни“ Белмондо. Врската прекинала во 2012 година.

Според пишувањето на италијанското издание на „Венити фер“, четири години бил во врска со 57-годишната француска актерка Валери Штефен. Примајќи го „Златниот лав“ на Филмскиот фестивал во Венеција 2016 година, актерот изјавил: „Уживав како луд. Се разбира, уживав да снимам филмови, но и да сакам до последен здив“.

Фото: Profimedia

До последен здив

А, до последниот здив на славниот Бебел, се чини, била една стара љубов од осумдесеттите години. На социјалните мрежи лани почнаа да се појавуваат фотографии од Белмондо и Бразилката Карлос Сото Мајор. Во јули годинава, тие беа видени во студиото „Галимард фрегранс“, каде што речиси 40 години по нивната романса, го измислиле парфемот именуван по филмот што ги спои „Маргиналец“.

„Збогум љубов моја! Нека ангелите те придружуваат на твојот пат кон вечноста. Ќе ги чувам твојата насмевка и спомените силно и нежно. Ме научи многу работи. Ќе ја паметам оваа фотографија снимена пред точно една година“, се збогувала Сото Мајор со Белмондо на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот