Ако вашата тераса постојано е на сонце, ова е иделното цвеќе за вас, а најдоброто од сè е што не мора често да го полевате

Фото: Профимедиа

Цвеќето кое веднаш ќе го забележите поради неговите големи цветови чии ливчиња се комбинација од неколку бои…Газанијата е цвеќе кое бара многу сонце и температура која навечер не се спушта под 10 степени.

Газанијата е цвеќе со потекло од Јужна Африка. Кај нас се одгледува како едногодишна билка поради неотпорноста на ниските температури. Спаѓа во семејството „Compositae“. Расте во облик на грмушка, а самиот цвет потетува на цвет од сончоглед.

Газанијата цвета од јуни до октомври, а цветовите се бели, жолти, портокалови, розеви и со црвена боја. Со редовното отстранување на овенатите цветови, газанијата се поттикнува на повторно цветање.

Газанијата успева на сочеви места, на квалитетна, сува, пропустлива почва и на места засолнети од силен ветар. Не ја полевајте доколку површината на земјата е влажна бидејќи во спротивно нивниот корен ќе скапе.

Фото: Профимедиа

Растојанието меѓу билките треба да изнеусва 15 до 20 сантиметри. Таа убаво изгледа во комбинација со други летни цветови кои ги имате во дворот, но се сади и во саксии како украс на прозорите, балконите и терасите.

Ако садите Газанија од семе тоа е доста комплицирано, па затоа најдобро е да си набавите млада веќе изникната садница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот