Тејана Тејлор - Фото: Принтскрин/ Икс

Академијата го осуди инцидентот со Тејана Тејлор на Оскарите: „Таквото однесување е неприфатливо“

Академијата за филмски уметности и науки јавно го осуди инцидентот што се случи на доделувањето на Оскарите на 15 март, кога член на обезбедувањето ја турнал актерката Тејана Тејлор додека се обидувала да се качи на сцената, откако нејзиниот филм „Една битка по друга“ ја освои наградата за најдобар филм. Организацијата што стои зад Оскарите изрази жалење за непријатноста што ја доживеала актерката.

„Бевме исклучително вознемирени кога дознавме за искуството што Тејана Тејлор го доживеа на крајот од синоќешната церемонија“, соопшти Академијата во изјава. „Со неа соработувавме изминатите месеци и се покажа како извонредна, љубезна и целосно посветена соработничка.“

Во продолжение на изјавата, Академијата ја презеде одговорноста.

„Иако инцидентот се случи со надворешна компанија за обезбедување, искуството на секој гостин е наша одговорност. Јасно им ставивме до знаење дека ваквото однесување е неприфатливо“, наведоа тие. „Ѝ благодариме на Тејана за достоинството што го покажа и преземаме мерки за да се спречат вакви ситуации во иднина.“

Се огласи и компанијата за обезбедување, која потврди дека дошло до кратка интеракција меѓу актерката и член на нивниот тим.

„Нашиот персонал работеше на контрола на гужвата и обезбедување на безбедноста на сите гости. При таа интеракција дошло до случаен контакт и жалиме што ситуацијата ескалирала. Тоа не е стандардот што го очекуваме и случајот е веќе интерно разгледан за да се спречат вакви настани“, се наведува во нивното соопштение.

Иако инцидентот не беше прикажан во телевизискиот пренос, на социјалните мрежи се прошири снимка од салата во која се гледа како Тејлор му се спротивставува на обезбедувачот.

„Вие сте маж кој става раце врз жена. Многу сте непристојни“, му рекла таа.

И покрај непројатната случка, 35-годишната актерка, која беше номинирана за најдобра споредна женска улога, не дозволи тоа да ѝ ја расипе вечерта.

„Сè е во ред. Сите се забавуваат, обезбедувањето само малку претера. Секогаш има некој таков, но јас сум добро. Среќна сум“, изјавила таа по настанот.

Подоцна, на социјалните мрежи, ѝ се заблагодари на Академијата за поддршката.

„Искрено ја ценам вашата безрезервна поддршка“, напиша таа.

ВИДЕО | Жесток инцидент на Оскарите — Тејана Тејлор обвини маж дека несоодветно ја допрел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот