Ајановски: Планирам нови трки, секој е добредојден во Најк школата!

facebook.com/kokan.ajanovski

Кокан Ајановски доминира и на 37 години, на еден одличен начин го заврши првиот дел од сезоната, со две последователни победи на 10000 и 5000 метри на Купот на Македонија.

Македонскиот атлетичар Ајановски говореше за „Слободен печат“ споделувајќи ги неговите следни планови и трки на кои планира да учествува кои треба да се реализираат во вториот период од 2019 година.

– Плановите се да учествувам и на останатите државни првенства на Македонија. Тие се трката на 5000 метри, планинско трчање, полумаратон, крос канстри. Воедно сакам да се подготвам најдобро што можам за нов маратон (42 км) во октомври – ни изјави Ајановски.

Исто така планира и да трча на Бич ран трките (Beach run), на Скопје трча 10 км., но секако здравјето е на прво место. Воедно покрај професионалниот дел, неговата цел е да ја шири неговата „мисија“ преку спортот и трчањето што повеќе луѓе бидат среќни и да живеат здрав и квалитетен живот.

– Најважно е да останам здрав и во одлична форма, а сè друго ќе си дојде. И понатаму продолжуваме со полна пареа да работиме со нашиот клуб NRC – NIKE + RUN CLUB и ќе бидеме дел од многу (полу)маратони во Македонија и надвор од неа. Многу нови улични и планински трки и се разбира дека ќе продолжиме со нашите секојдневни активности – тренинзи на кејот на Вардар, Водно и реализација на останатите трки во NIKE лигата во трчање – додаде Ајановски.

Најк школата веќе стана препознатлив бренд, најмасовен клуб и секој што сака да се придружи е добредојден, независно дали сака да се занимава со трчање рекреативно или професионално.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот