Африканска свинска чума и во кочина во селото Облешево

Фото: Архива

Африканска свинска чума кај една свиња во импровизирано одгледувалиште или народски кажано кочина е потврдена денеска  во село Облешево во Општина Чешиново-Облешево, потврди за МИА раководителот на Секторот за здравствена заштита при Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Вања Кондратенко.

Во моментов екипи на АХВ се на терен и се прави попис на свињите во радиус од три километри, кои мора да се уништат во специјализирана јама, а потоа и за свињите во радиус од 10 километри, што треба да се однесат во кланица.

Во рок од половина месец во регионите на Македонска Каменица, Кочани, Виница и Чешиново-Облешево утврдени се вкупно шест жаришта на африканска свинска чума, а од почетокот на заразата во делчевско Драмче има вкупно седум жаришта. 

Спречено проширување на африканска чума кај свињите во кочанското село Мојанци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот