Абас: САД мора да го принудат Израел веднаш да го запре насилството

Махмуд Абас/ фото: МИА

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас денеска нагласи дека е неопходен итен прекин на израелската агресија врз Палестинците, особено во Појасот Газа.

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас денеска разговараше со американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан во Рамала.

Абас му рекол на Саливан, за време на состанокот на Западниот Брег, дека САД мора „да интервенираат и да го натераат Израел да ја прекине својата агресија врз народот на Западниот Брег, вклучувајќи го и окупираниот Ерусалим“.

Палестинскиот претседател побара и отворање на сите премини, зголемување на хуманитарната и медицинската помош, како и помош во храна и снабдување со вода, струја и гориво. Абас ја повтори потребата од отворање на сите премини, зголемување на испораката на хуманитарна, медицинска и прехранбена помош и брзо обезбедување на вода, струја и гориво.

Тој, исто така, ја повтори потребата од поправка на болниците и основните објекти во Газа, со цел да се овозможи лекување на бројните жртви и давање услуги на палестинското население.

Абас ја повика американската администрација да интервенира и да го принуди Израел да ја прекине својата агресија на Западниот Брег и окупираниот Источен Ерусалим. Агресијата вклучува упад во палестинските градови и бегалски кампови, убивање цивили, уништување инфраструктура, напади на исламски и христијански свети места и злосторства за етничко чистење, наведува агенцијата.

Абас истакна дека мирот и безбедноста во регионот може да се постигнат само преку имплементација на решение за две држави, засновано на резолуции за меѓународна легитимност, што ја вклучува целата држава Палестина на Западниот Брег, вклучително и Источен Ерусалим и Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот