струја струјомер
Струја/ Фото: МИА

АА-А: МЕПСО и ЕЛЕМ да се откажат од покачувањето на цената на електричната енергија

За жал, дури и во време на пандемија, владата преку регулаторните тела донесува одлуки со кои ги штити монополите и олигополите, додека постојано ја влошува состојбата на граѓаните! Повеќе од иритирачки е фактот што нашата држава сè уште игра со судбината на своите граѓани!

Зголемувањето на цената на електричната енергија за 7,4% е драстично зголемување што не би се оправдало дури и во нормални времиња, а уште помалку може да се оправда во услови на криза кога граѓаните имаат намалени приходи.

Наместо да им помагаат на граѓаните, тие се повеќе се соочуваат со дополнителни трошоци.

Образложението дека ова зголемување се должи на намалените приходи во овој сектор е скандалозно, бидејќи граѓаните платиле и продолжуваат да плаќаат сметки за електрична енергија дури и во услови на криза без никакви разлики.

Револтирани како и секој граѓанин на нашата земја, коалицијата АА-ААА бара итно повлекување на одлуката на Регулаторната комисија! Државата има обврска да им помогне на граѓаните наместо да ги оптоварува со неосновани поскапувања.

Како земја што се стреми кон Европската унија, ние имаме обврска да се однесуваме во европски дух и да се прилагодиме на европските практики кои секогаш го ставаат Граѓанинот на прво место!

Во овој поглед, коалицијата АА-ААА бара цената на електричната енергија да се намали за 20% минимум, со цел да се олесни состојбата на граѓаните додека не се надмине пандемијата, а исто така да се разгледа и индустриската тарифа за деловните субјекти. Ние како коалиција сме подготвени да ги поддржиме граѓаните по секоја цена и целосно ги поддржуваме нивните барања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот