78-годишен возач од Богданци удрил 4 паркирани возила

Фото: МВР

Возач од Богданци кој имал 78 години, тешко  е повреден откако изгубил контрола врз возилото и удрил во други четири паркирани возила. Инцидентот се случил вчера во 11 часот кога тој управувајќи автомобил Даеву, удрил во Мерцедес, две возила Пунто и едно Пежо.

Во несреќата, возачот Б.П. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија, информираа од МВР.

Увид извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот