69 години чека да стане крал, а сега одлучи дека е доста – Принцот Чарлс и Камила планираат да се преселат!

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Принцот Чарлс е неславен рекордер. За неговиот живот, во историјата ќе се учи како за принц со најдолг стаж. Неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, која има полни 94 години, застана на престолот кога нејзиниот најстар син имаше само три години.

Британските таблоиди пренесуваат дека дури и за принцот Чарлс чекањето на круната цели 69 години сепак е премногу, и дека заедно со сопругата Камила донеле одлука престолот да му го препуштат на синот Вилијам, а татковината ќе ја заменат со Италија.

Фото: Инстаграм

Дека на Чарлс отсекогаш му било желба да живее во Италија во 1995 година откри и неговата поранешна сопруга принцезата Дијана во едно интервју за „Newsweek“.

Фото: Инстаграм

Таа тогаш говореше дека на Чарлс голема желба му е да поседува фарма во Тоскана и дека е подготвен да ја остави сама да го одгледува синот Вилијам за улогата на крал. Во истото интервју е споменат и изворот од дворецот кој изјавил дека Дијана тогаш верувала дека Чарлс никогаш нема да стане крал, а тоа исто така го предвиделе и нејзините лични астролози.

Фото: Инстаграм

Чарлс две ипол децении подоцна се одлучи да го оствари својот сон

Извори тврдат дека на Чарлс му здосадило да чека за престолот, па решил да го оствари својот дамнешен сон. Во тоа има и поддршка од семејството, бидејќи тие сметаат дека принцот Вилијам покрај својата сопруга Кејт Мидлтон е сосема подготвен да го преземе престолот. Тоа наводно го потврдил и високопозициониран извор од кралската палата кој истакнува дека Чарлс е исфрустриран од повеќедецениското чекање, па токму затоа смета дека е време да се откаже и да се повелече заедно со сопругата Камила во Тоскана.

Фото: Инстаграм

Иако во Велика Британија не е омилен бидејќи се разведе од принцезата Дијана, и поголем дел од јавноста го обвинува за нејзината трагична судбина, оние кои се упатени подлабоко во приватниот живот на Чарлс тврдат дека тој е исклучително талентиран и сестран. Освен што е голем почитувач на филозофијата, класичната музика, на полото, ловот, тој многу чита и за суфизмот, односно исламскиот мистицизам, а исто така е и талентиран сликар. Принцот од Велс е страствен градинар и особено го интересира и органското производство на плодови.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот