3-дневна детокс програма: Исчистете го телото и умот!

Фото: Профимедиа

Оваа детокс програма не е како останатите, бидејќи во неа е вклучена и детоксикацијата на емоциите, чувствата…психичкото здравје. Може да се спроведе и за време на викендот и е многу благотворна за целото тело, и физички и психички.

Со оваа детокс програма ќе ја подобрите работата на црниот дроб, но и на целото тело….

Погледнете ги основите на тридневната детокс програма:

Фото: Профимедиа

Детоксикација на телото

За овој период не јадете месо, риба, морски плодови, млечни производи, јајца, практична и брза храна, пржена храна, конзерви, алкохол, кофеин, шеќер и глутен. Држете се подалеку и од солта колку што можете.

Пијте сокови од свежо овошје и зеленчук два пати дневно за голем внес на хранливи состојки (2 чаши минимум од 300 мл).

Грицкајте внимателно – јадете јаткасти плодови и семки потопени преку ноќта во вода, за совршена доза магнезиум.

Фото: Профимедиа

Во исхраната додадете хранливи состојки, варен зеленчук, мешунки или кафеав ориз.

Додадете ги намирниците кои го детоксифицираат црниот дроб и ја чистат крвта: куркума, ѓумбир, спирулина.

Зголемете го внесот на вакна за да ги исфрлите токсините – чиа семе, ленено семе, зачински билки, брокули, портокали…

Секој ден испијте по два литри филтрирана вода (со лимон, чиа семе, куркума, ѓумбир, или грејпфрут) или билни чаеви без додатоци.

Јадете само здрави масти – ладно цедено маслиново масло, ленено масло, кокосово масло или авокадо.

Фото: Профимедиа

Изберете органско овошје и зеленчук, главните оброци нека се состојат од 3 големи порции барен зеленчук, а ужинките од овошје и јаткасти плодови. Задолжително јадете брокула, спанаќ, пченка, моркови, блитва, тиквичка, зелка, краставица, магдонос, целер, лук и кромид… консумирајте ги обарени или во вид на зелнчукова супа. Од овошјето направете си смути, а во овој период пожелно е да земате портокали, мандарини, јаболка, грејпфрут, киви, лимон…

Не ги прескокнувајте оброците, јадете 5 пати во денот по малку, заедно со голема количина течности.

Фото: Профимедиа
Детоксикација на умот:

Започнете го денот со 15-20 минути истегнување за да се ослободите од стресот и да бидете подобро сконцентрирани.

Секојдневно одете на долга прошетка (доколку вашиот распоред е натрупан, прошетката до работа одлично ќе ви прилега).

Насочете се кон промените на телото и емоциите за време на детоксикацијата.

Доколку имате некој проблем за кој подолго време се грижите или од кој стравувате, слободно исплачете се. Плачењето е лек за телото, момент во кој се ослободувате од лутината, стравот, гневот. Исплачете се на цел глас, не ги стегајте емоциите, дозволете им да излезат.

Фото: Профимедиа

Оттргнете се од негативните мисли, не гледајте вести и здодевни ТВ програми. Наместо тоа, пуштете си видео со инструкции за правилно дишење, опуштете се и дишете. Пуштете музика и танцувајте, насмевката на вашето лице веднаш ќе се појави.

Масирајте се со етерични масла, масирајте си го лицето и целото тело, дишете длабоко и уживајте.

Дадете си задача, секое утро да се будите со една добра мисла, но исто така и секој ден да го завршувате со уште една добра мисла.

Фото: Профимедиа

За подобри резултати, детокс програмата спроведувајте ја во друштво на партнерот или некој член од семејството, можете да ја повторите два пати со 10 дневна пауза измеѓу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот