По пиењето алкохол добивте дијареја? Гастроентеролог објасни зошто се случува тоа
Претерувањето со алкохолот може да донесе голем број непријатни несакани ефекти, а меѓу нив се и дигестивните нарушувања, односно проблемите со варењето. Дијарејата (пролив) по ноќно пиење е честа појава и може да се објасни со тоа како алкохолот влијае на дигестивниот систем, пишува „ЛАДбајбл“ (LADbible).
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како алкохолот влијае на варењето
Американскиот гастроентеролог Ендру Блек изјавил за „Менс хелт“ (Men’s Health) дека по алкохолот понекогаш може да се појави и дијареја, односно течна и водена столица. До тоа доаѓа затоа што алкохолот ја иритира слузницата на цревата, па цревата почнуваат посилно и почести да се „движат“.
Кога цревата се забрзуваат, столицата побрзо поминува низ дигестивниот систем, па телото има помалку време од неа да ја апсорбира водата и хранливи материите. Покрај тоа, цревата во таква состојба потешко ја извршуваат својата вообичаена задача за впивање на течности. Колку е поголема количината на алкохол, толку е поголема шансата да се појават такви нарушувања.
„Со други зборови, се случуваат три работи одеднаш: премногу течност останува во столицата, премалку се апсорбира, а цревата работат поинтензивно за да исфрлат сè што е можно побрзо“, објаснил Блек.
Препораки за поумерено пиење алкохол
Ако имате здравствени проблеми или проблемите со варењето продолжуваат, најдобро е да побарате лекарски совет.


