Моника Белучи со „вау“ нов имиџ
Сексапилната актерка покажа како се носи трендот на 2020 година.
На модната ревија на Александер Ваутиер во Париз, атрактивната италијанска глумица Моника Белучи блесна со нов имиџ – модерна куса фризура. Всушност, овој тип на „боб“ фризура ќе биде главен тренд за сезоната на потопли денови, а Белучи веќе презентираше како се „носи“ трендот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
За изгледот да биде целосно „вау“, сексапилната глумица одбра шик модна комбинација во нејзината омилена боја – црната. Од модни додатоци, тука се впечатливите очила за сонце со рамки во „мачка“ стил.


