Ѕвездата од серијата „Бубалици“ призна дека никогаш не ја гледала серијата и дека имала мали „чудни“ ритуали

Ѕвездата на ТВ серијата „The Big Bang Theory”, кај нас позната како „Бубалици“, Мајим Биалик, која го толкуваше ликот на невробиологот Ејми Фера Фаулер, признала дека во текот на 9 години емитување на оваа серија не погледнала ниту една епизода во целост.

„Никогаш не сум погледнала епизода во целост. Не се гледам себеси на телевизија. Никогаш не сум седнала и не сум изгледала епизода од нашата серија”, открила Мајим за британскиот „Metro”.

инстаграм

Додала дека видела само „некои делови”, но никогаш не се гледа себеси на ТВ.

Актерката во интервјуто зборувала за врската помеѓу Ејми и Шелдон, кој го глумеше Џим Парсонс, и навела дека тоа е „навистина убав пример како всушност изгледа безусловната љубов”.

инстаграм

„Имаше многу прифаќања, прилагодувања и толеранција. Нѝ беа потребни 9 години да ѝ покажеме на публиката зошто Шелдон всушност сака девојка. Клучот е во пронаоѓањето на рамнотежата. Мислам дека сценаристите направија одлична работа”, заклучи Мајим.

Открила и дека екипата на „The Big Bang Theory” одлично се согласувала и по исклучувањето на камерите.

инстаграм

„Сајмон Хелберг, кој го толкуваше ликот на Хауард Воловиц, е еден од најсмешните луѓе со кои некогаш сум соработувала, така што тоа беа навистина убави времиња. Пред секое снимање се прегрнувавме, а секој од нас имаше посебни ритуали. Во првите неколку години јас секогаш пиев Кока-Кола и јадев похуван кромид”.

инстаграм

„Снимањето на последните епизоди беше емотивно. Работевме 10 години заедно. Ликовите кои ги глумевме станаа наш втор идентитет”, заклучила актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот