Ѕвездата на „Сам дома“ Меколи Калкин стана татко

Фото: Профимедиа

Ѕвездата на култниот филм „Сам дома“, Меколи Калкин и неговата партнерка Бренда Сонг добија дете.

Имено, среќните родители долго ја криеле бременоста на Бренда, се додека нејзиниот стомак не станал прилично очигледен.

Тие инаку минатата година беа сликани додека шетаа со домашните миленици, а во детска количка наместо бебе тие ја возеа мачката.

Актерот во таа прилика се појави во црвена маица на која пишуваше „емотивна поддршка за луѓето“, а облече и долен дел од тренерки со „испрскан“ принт. На главата носеше сив качкет, како и очила за сонце со сини стакла. Тој делуваше многу опуштено додека во количката ја возеше мачката и се однесуваше како тоа да е најнормалната работа во светот, а не обрнуваше внимание ниту на погледите на поминувачите.

Фото: Профимедиа

Имено, Калкин за време на детството го малтретирал неговиот татко кој дрско ги трошел парите на својот син. Кога не сакал повеќе да глуми, неговиот татко Кит Калкин го присилувал на тоа, поради што несреќното момче на крајот започна да консумира опијати и денес речиси не ни наликува на себе си.

Да се потсетиме, парот е заедно од 2017 година, но на почетокот сакаа да уживаат и да не го прошируваат семејството.

Меколи веќе еднаш беше во брак со Рејчел Мајнер од 1988 до 2002 година, а се забавуваше и со актерката Мила Кунис, која сега е во среќен брак со својот колега Ештон Качер со кој има две деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот