Зринка Љутиќ триумфираше на слаломот во Крањска Гора
Хрватската скијачка Зринка Љутиќ победи на слаломот во словенечка Крањска Гора, а со втората последователна победа поведе во слалом и во генералниот пласман во Светскиот куп.
Препорачано
Љутиќ и Швајцарката Венди Холденер го поделија првото место по првото возење, а во вториот круг Зринка повторно го постави најбрзото време и славеше со 16 стотинки побрзо од Холденер. Трета беше Швеѓанката Ана Свен Ларсон (+1,19).
Минатата недела во Семеринг, Австрија, Љутиќ ја оствари првата победа во кариерата, а и тогаш, како и во Крањска Гора, го имаше стартниот број 2. Тоа е воедно и прва хрватска победа во Крањска Гора.
– Немам зборови. Се чувствував добро, сакав само да се засилам во финишот и речиси успеа. Сакам да им се заблагодарам на сите што дојдоа, ова е само почеток – рече Љутиќ по победата.
Со нови 100 поени, Љутиќ води на Светскиот куп со вкупно 456 поени пред Швеѓанката Сара Хектор (447) и Швајцарката Камил Раст (433). Во поредокот во слалом води 20-годишната загрепчанка со 309 бодови пред Раст (305).
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
16мин
-
32мин
-
49мин
-
52мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


