Зошто треба да ги јадете и семките од лубеницата?

лубеница
Фото: Pexels

Нутриционистите советуваат да ги јадете семките заедно со лубеницата, бидејќи се богати со протеини, витамин Б, магнезиум, монозаситени и полизаситени масти.

Природен лаксатив

Јадете ја лубеницата со семки или зачувајте ги и исушете ги семките за да сварите чај, кој помага кај упорниот запек. Семките од лубеница се користат и за лекување на цревните паразити.

лубеница

Прочистување на бубрезите

Чајот од семки од лубеница е природен лек за прочистување на бубрезите и за разбивање на камењата во бубрезите. Семките од лубеница имаат диуретско дејство, го прочистуваат организмот, ги елиминираат наталожените токсини и ја подобруваат работата на бубрезите. Можат да ги елиминираат материите кои се таложат во бубрезите, кои формираат камен или песок.

лубеница

Кардиоваскуларно здравје

Семките од лубеница содржат антиоксиданти кои благотворно влијаат врз крвните садови, ги шират, така што се идеални за луѓето кои страдаат од артеросклероза, висок крвен притисок или ангина пекторис. Исто така, корисни се и за зајакнување на срцевиот мускул.

лубеница

Нутритивни вредности

Овие семки се богати со ликопен, моќен антиоксидант кој исто така се наоѓа и во доматот. Освен тоа, содржат голема количина на магнезиум и цинк. Се препорачуваат за луѓе со хроничен замор.

лубеница

Семките од лубеница се добри за простатата

Тие го зајакнуваат и срцето, но и мускулите. Семките од лубеница во форма на чај или сурови, се препорачуваат и за подобрување на помнењето и концентрацијата, па дури и за сјајна и убава кожа. Чајот од семки од лубеница им се препорачува и на дијабетичарите како ефикасно средство за третирање дијабетес тип 2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот