Интернет платформи

Зошто дел од интернетот падна денес?

„Амазон веб сервисот“ (АВС-AWS), гигантот што се смета за ‘рбет на интернетот, денес претрпе голем прекин што влијаеше на илјадници бизниси и милиони корисници низ целиот свет. Ситуацијата најдобро ја опиша раководителот на конкурентската технолошка компанија Слудфлер, кој веројатно беше олеснет кога забележа дека денешниот проблем нема никаква врска со тоа, пишува Би-си-си.

Меѓу погодените платформи беа популарни услуги како што се Снепчет и Редит, банки како што се Лијодс и Халифакс, и игри како Роблокс и Фортнајт.

Како што пишува британски Би-би-си (АВС-AWS) обезбедува клучна инфраструктура за околу една третина од интернетот, нудејќи складирање на податоци, управување со бази на податоци и компјутерска моќ. Ова им овозможува на компаниите да избегнат одржување на сопствени скапи системи, а во исто време да го насочуваат сообраќајот кон своите платформи.

Нивната главна порака до клиентите е едноставна: „Дозволете ни да се погрижиме за компјутерските потреби на вашиот бизнис“.

Сепак, денешниот проблем беше предизвикан од многу честа грешка: проблем со „системот за имиња на домени“ (ДНС). Експертите од технолошката индустрија веројатно би го игнорирале ова, бидејќи фразата „Секогаш е ДНС!“ често може да се чуе кога се случуваат овие прекини, пишува британскиот медиум.

ДНС функционира како еден вид мапа на интернетот. Кога корисникот ќе кликне на апликација или линк, неговиот уред испраќа барање за поврзување. Денес, АВС, фигуративно кажано, ја изгуби таа мапа – услуги како Снепчет и Канва сè уште постоеја, но системот не знаеше како да го пренасочи сообраќајот кон нивните локации, наведува Би-би-си.

Зошто прекинот имаше толку големо влијание?

Ваквите грешки се случуваат од повеќе причини, од проблеми со одржувањето или дефекти на серверот до човечки грешки, како што е погрешна конфигурација на системот. Во екстремни случаи, може да станува збор и за сајбер напад, иако во овој случај нема докази за тоа. АВС-AWS потврди дека инцидентот се случил во нивниот центар за податоци во Северна Вирџинија, кој е исто така и неговиот најстар и најголем.

Многу експерти се согласија дека денешниот инцидент е школски пример за ризиците од потпирање на еден провајдер. АВС (AWS) е гигант од кој зависат милиони компании, а проблемот е што нема многу реални алтернативи.

На пазарот има само два главни конкуренти, и двата американски гиганти: Азур на Микрософт и Клоуд платформ на Гугл. Помали конкуренти се Ај-би-ем и Алибаба на Кина, а минатата година матичната компанија на синџирот супермаркети Лидл лансираше европски конкурент наречен Стак-кит.

Поради оваа доминантна позиција, прашањето дали Велика Британија и Европа треба да изградат сопствена инфраструктура за да ја намалат зависноста од американските „калуд“ услуги се поставува сè повеќе, иако некои веруваат дека веќе е предоцна.

Инциденти како денешниот можеби најдобро илустрираат зошто одговорот не е толку едноставен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот