ЗОИ Пекинг 2022: Откако колабира на трката, норвешката бијатлонка експресно пратена дома

Ингрид Ландмарк Тандреволд колабира на потерата на 10 километри/ фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Норвешката бијатлонка Ингрид Ландмарк Тандреволд повеќе нема да се натпреварува на Зимските олимписки игри во Пекинг, откако на вчерашната трка доживеа целосен колапс на последниот километар.

– Ингрид не смее повторно да настапува на овие ЗОИ. Ќе ја однесеме на преглед да видиме што можеме да направиме за да не се повтори вакво нешто – изјави лекарот на норвешката репрезентација Ларс Колсруд.

Ингрид нема да има можност да им помогне на колешките од репрезентацијата в среда за кога е закажана женската штафетна трка во Жангџијаку, во која Норвежанките се фаворитки за златото.

– Одам дома, не смеам повеќе да настапувам на овие Игри. Сега сум добро. Мислам дека претерав во тешката трка на голема надморска височина. И порано сум имала проблеми со срцето, морам да бидам внимателна и да направам дополнителни прегледи – изјави Норвежанката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот