Значително поевтинуваат тужбите, новиот тарифник за судски такси стапува на сила

Откако финализира и собраниската процедура, наскоро во практика ќе започне да се применува изменетиот Закон за судски такси, со кој тарифникот за тужба и противтужба значително се намалува. Измените се очекува уште денеска да се најдат во Службен весник, а ќе започнат да важат за осум дена од објавувањето.

Деталите и очекувањата од новиот закон за судски такси се очекува претпладнево пред јавноста да ги сподели министерот за правда Бојан Маричиќ. 

Согласно новиот тарифник за тужба, противтужба и за предлог за повторување на постапка според вредноста на спорот до 10.000 денари судската такса ќе изнесува 480 денари, до 20.000 денари ќе се наплаќа 800 денари, над 40.000 денари – 1.200 денари, над 60.000 денари – 1.800 и над 100.000 денари ќе се плаќа 2.000 денари. За судски спор кој изнесува над 100.000 во законот пишува дека постапката ќе чини 2% на секој започнат денар над 100.000 денари, а најмногу вкупно 48.000 денари.

– Носењето на закон за изменување и дополнување на Законот за судските такси произлегува од потребата за обезбедување на услови за олеснување на пристап до правдата преку намалување на горниот праг на висината на судската такса за физички лица, таксени обврзници при поднесување на тужба, противтужба и предлог за повторување на постапката пред суд. Исто така измената која се предлага е согласно основната намера на Владата на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија и е во духот на реформите во областа судство и негово натамошно унапредување“, се наведуваше во предложеното законско решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот