Златен медал за македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски на „Загреб опен Г1“

фото: Дарко Костовски/facebook

Нов златен медал за најдобриот таеквондист од Македонија за еден месец и уште еден важен чекор кон исполнување норма за учество на Олимписките игри во Париз 2024.

Дејан Георгиевски во категоријата +87 кг. се закити со злато на „Загреб опен Г1“, Хрватска.

Во првата борба Македонецот запиша победа против италијанскиот натпреварувач Марко Насо (2:0).

Потоа, во полуфиналето триумфираше против Бразилецот Патрик Переира Кардосо (2:1).

А во финалниот меч Георгиевски имаше фуриозна победа над Брајан Зондероп од Холандија (2:0).

Во октомври Георгиевски дојде и до златниот медал на Г1 „Тирана Опен“ во Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот