Златен медал за борачот Могамедгаџи Нуров на меѓународниот турнир „Али Алиев“

фото: bfrsm.mk

Прво место на меѓународниот турнир „Али Алиев“ во категоријата 97 кг. освои македонскиот борач Могамедгаџи Нуров.

Нашиот репрезентативец со четири победи влезе во финалето на силниот турнир во Касписјк, Дагестан-Русија.

Во финалната борба Нуров се бореше против Г. Тажудинов од Русија, победникот на Хасајуртовскиот турнир, кој во последните секунди го победи европскиот и светскиот првак Балтукаев од Чеченија, Русија.

Во финалето Нуров покажа одлична борба и убедлива победа со резултат 6:1 против Тажудинов.

Уште еден успех е запишан за македонското борење, на „Президент Купот“ во Белград, Србија, Бојана Лазаревска го освои третото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот