Златен глобус 2024: Филмовите „Барби“ и „Опнехајмер“ со убедливо најмногу номинации

Фото: EPA

Осумдесет и првото по ред доделување на Златните глобуси ќе се одржи во Беверли Хилтон во Лос Анџелес на 7 јануари. По тој повод, денеска официјално беа објавени номинациите за оваа престижна награда, со што започнува уште една сезона на награди во која се издвојуваат најдобрите филмски и телевизиски достигнувања.

Листата на номинирани за Златен глобус 2024 година ја објавија комичарот Седрик и актерот Вилмер Валдерама.

Комичарот Седрик, претседателката на Златните глобуси Хелен Хоен и американскиот актер Вилмер Валдерама / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Популарните филмови „Барби“ и „Опенхајмер“ водат во номинациите за наградата Златен глобус со девет, односно осум номинации. Меѓу кандидатите со по седум номинации се „Убијци на Цветната Месечина“ и „Кутри нешта“.

Марго Роби и Рајан Гослинг во „Барби“ / Фото: LANDMARK MEDIA / Alamy / Alamy / Profimedia

Актерските имиња Марго Роби, Ема Стоун, Леонардо Дикаприо, Килијан Марфи и Двејн Џој Рендолф се меѓу номинираните за најдобра глума.

Серијата „Наследство“ води во ТВ номинациите со вкупно девет, вклучувајќи ја и ноинацијата за најдобра ТВ драмска серија. Меѓу другите телевизиски серии што се номинирани се „Убиства во зградата“, „Дипломат“, „Утринско шоу“ и „Круна“.

Јужнокорејскиот филм „Минатите животи“ е најмногу номиниран филм од неанглиско говорно подрачје со вкупно пет номинации.

Инаку, деветте номинации на филмот „Барби“ ги вклучуваат оние на Марго Роби за најдобра женска улога во мјузикл или комедија, Рајан Гослинг за најдобра споредна машка улога и Грета Гервиг за најдобра режија.

Килијан Марфи, Роберт Опенхајмер, „Oppeneimer“
Килијан Марфи во „Опенхајмер“ / Фото: UNIVERSAL / Planet / Profimedia

Три од деветте номинации на „Барби“ се за најдобра оригинална песна – имено „Dance The Night“ од Дуа Липа, „I’m Just Ken“ од Рајан Гослинг и „What What I Made For?“ од Били Ајлиш.

Филмот „Опенхајмер“ е номиниран за филмско остварување и најдобра оригинална партитура. Емили Блант е номинирана и за нејзината споредна улога во филмот, додека Килијан Марфи е еден од шесте номинирани за најдобар актер во драма за неговата улога во биографскиот филм за Роберт Опенхајмер.

Други номинирани во категоријата се Бредли Купер во филмот „Маестро“, Колман Доминго во филмот „Русин“ и Ендрју Скот во филмот „Сите ние странци“, кој треба да излезе во јануари.

Бредли Купер во „Маестро“ /  Фото: Instagram / maestrofilm

Американската мрежа „ЦБС“ ќе го емитува доделувањето на наградите на оваа свечена церемонија, која исто така ќе ги емитува и наградите Греми.

Сè уште не е објавено кој ќе биде водител за 2024 година, но церемонијата има историја на ангажирање водители кои се познати по нивниот добар хумор.

Целосната листа на номинирани може да ја погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот