Златан Ибрахимовиќ ќе биде играч на Милан!?

twitter.com/Coral

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ ќе стане играч на Милан, пренесе италијанската новинска агенција „АНСА“.

Двете страни се во напредна фаза на преговори. Во блиска иднина, 38-годишниот Швеѓанец треба да го прифати предлогот на „росо-нерите”.

Претходно, техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини потврди дека клубот ги продолжува преговорите со Ибрахимовиќ за трансфер. Болоња и Наполи одбија да склучат договор со 38-годишниот напаѓач како слободен агент.

Последниот клуб на Ибрахимовиќ беше Лос Анџелес галакси. Швеѓанецот најави дека нема да го обнови договорот со американскиот клуб, кој истекува на 31 декември.

Швеѓанецот веќе играше за „росонерите“ од 2010 до 2012 година и стана шампион на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот