Златан Ибрахимовиќ како Волдеморт: Скршен и носот на статуата! (ФОТО)

twitter.com/lbudhrani

Потсетување дека Златан Ибрахимовиќ се најде на удар кај фановите на шведскиот клуб Малме откако нивниот миленик стана ко-сопственик на Хамарби, лутиот противник на Малме на домашната фудбалска сцена.

Статуата на Ибрахимовиќ претрпе најмногу штета штом ја соопштија, како што велат навивачите „таа негова болна одлука“.

Овојпат навивачите отидоа чекор подалеку со вандализирањето и го скршија носот на Ибрахимовиќ на стауата.

Портпаролот на полицијата во Малме, Каратина Русин потврди дека во врска со нападот е започната истрага, и дека ќе бидат сослушани очевидци.

Ибра својата блескава кариера ја започна во Малме, а потоа играше за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед и ЛА Галакси.

За репрезентацијата на Шведска со која се раздели во 2016. година, запиша 116 натпревари и постигна 62 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот