Жесток одговор на навивачите, гори статуата на Златан! (ВИДЕО)

фото:твитер

Малме со поделени мислења, откако нивниот миленик стана ко-сопственик на Хамарби, лутиот противник на Малме на домашната фудбалска сцена.

Швеѓанецот порасна во Малме и играше за тој клуб, но навивачите на шведскиот прволигаш не можеа да се помират дека нивниот идол ќе биде еден од акционерите на најголемиот ривал на Хамарби.

Ултрасите на Малме не чекаа многу, и решија да му се одмаздат на Златан, така што ја запалија неговата статуа која од неодамна го краси тој град.

Разочаран е дури и заменикот претседател на навивачката група на Малме.

– За навивачите и помладите тој нема да биде идол како што беше претходно – се зборовите на Кавег Хосеинпур за „СВТ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот