Фото: pexels-sejio

Зимата доаѓа порано од очекуваното и ќе трае невообичаено долго

По нестабилната есен и честите температурни промени, регионот се подготвува за остар зимски бран, пишуваат српските медиуми.

Метеоролозите предупредуваат дека пред нас е една од најстудените зими во последните две децении, со долготрајни снежни периоди и ниски температури какви одамна не сме почувствувале.

Српскиот метеоролог Иван Ристиќ од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХЗ) најави дека студениот воздух од северот, таканаречениот поларен вртлог, ќе донесе силно заладување во последната недела од октомври, кое ќе продолжи и во ноември.

Според неговите прогнози, постои веројатност Белград да биде под снег цели 30 дена, што е најдолга снежна етапа во последните 20 години.

„Ако се повтори сценариото од осумдесеттите години, ќе имаме зима со долги минусни периоди и постојана снежна покривка. Оваа година вистински ќе почувствуваме што значи зима“, вели Ристиќ.

Кога ќе завее во Македонија?

Првите снежни врнежи во Македонија се очекуваат во првата половина на ноември. Најпрво ќе завее на планините – Маврово, Попова Шапка, Пелистер и Кожуф – а веќе во втората половина на месецот можно е белило и во пониските предели.

Во Крива Паланка, Берово и во Крушево снег може да се појави уште околу 10 ноември, додека во Скопје и во Битола се очекува кон крајот на месецот. Температурите ќе почнат да паѓаат по 5 ноември, а утрински мразеви ќе има сè почесто.

Метеоролозите најавуваат дека оваа зима ќе биде постудена и побела од претходната, со повеќе снежни денови и поизразена снежна покривка во јануари и во февруари.

Со навлегувањето на поларниот вртлог во регионот, и Македонија може да очекува вистински зимски пејзаж уште пред календарската зима – со снег, остар воздух и ноќи што ќе потсетуваат на студените зими од минатото.

Поларниот вртлог се однесува чудно – знак за бурна зима?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот