Зибери: На погребот имало 200 души, семејството на покојникот со Ковид 19 не сака да се тестира

Тој додава дека осум лица од медицинскиот персонал на приватната болница се во изолација поради контакт со пациентот кој почина а кај кого посмртно беше дијагностицирано присуството на Ковид 19.

Директорот на Институтот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери за ,,Слободен печат” тврди дека семејството на покојникот кој починал во една приватна клиника, а кој бил закопан со верски и народни обичаи а не по протокол за Ковид 19, иако посмртниот брис му бил позитивен, не сакало да соработува со епидемиолозите и да се тестира, иако на погребот имало околу 200 присутни луѓе.

-Никој од семејството не е тестиран, мораме да викаме полиција и Државен здравствен и санитарен инспекторат. Велат дека имале смртен случај немаат симптоми и не ги интересира оваа работа со коронавирусот. Не веруваат дека починал од коронавирус, зашто тие немаат симптоми. Па тие што се асимптоматски е најбитно да се изолираат и да се пронајдат, непостоењето на симптоми не е показател дека го немаат вирусот. Сепак не сакаат да соработуваат и да се тестираат. Проблемот е што многу луѓе не веруваат во постоењето на вирусот што е катастрофа. Да е само кај нас, ама не е, туку цел свет се бори со ова, ни рече доктор Зибери.

Тој додава дека осум лица од медицинскиот персонал на приватната болница се во изолација поради контакт со пациентот кој почина а кај кого посмртно беше дијагностицирано присуството на Ковид 19.

-Се јавиле нашите епидемиолози, да ги известат за тестирање потесните членови на семејството, тие не сакале да се направи брис. На погребот имало 200 луѓе. Никој од нив не е пронајден ни тестиран ни самоизолиран, додаде Зибери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот