Полиција / илустрација

Жител на Галате следел мајка и ќерка, им се заканувал и им барал пари

Полицијата од селото Галате во Општина Врапчиште, Гостиварско, синоќа уапсила локален жител откако тој следел жена и нејзината ќерка, а притоа ги вознемирувал, им упатувал закани и им барал пари.

„На 23.03.2026 во 22:00 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода Г.А.(45) од селото, постапувајќи по претходна пријава од 36-годишна жена дека неа и нејзината малолетна ќерка ги следел, ги вознемирувал, им упатувал закани и им барал пари. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок“, соопштува МВР.

Се судриле „голф“ и БМВ во Скопје – едниот возач завршил на ургентно, а другиот избегал по сообраќајката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот