Фото: Илустрација / Приватна архива

Се судриле „голф“ и БМВ во Скопје – едниот возач завршил на ургентно, другиот избегал

Вчера попладне во Скопје се случила сообраќајна несреќа меѓу автомобил „голф“ со скопска регистрација и „БМВ“ со кумановски ознаки, во која едниот возач е повреден, а другиот го напуштил местото.

„На 22.03.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во 13:30 часот на улицата ’Методија Андонов – Ченто’ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘фолксваген голф’ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(56) од Скопје и патничко возило БМВ со кумановски регистарски ознаки, по што возачот со возилото БМВ го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.Р., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Насилник претепал човек во Гази Баба, па извадил пиштол и почнал да го удира со дршката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот