Женската тениска репрезентација со најголем скок на ранг листата во Били Џин Кинг купот
Женската тениска репрезентација на Македонија забележа најголем скок на последното рангирање на ранг листата на репрезентациите кои се натпреваруваат во Били Џин Кинг купот.
Македонија има скок од 23 места и сега се наоѓа на 49 позиција во светот што е и најдобар ранг. Покрај Македонија, и Киргистан има скок од 23 места и се наоѓа на 75 позиција.
Добрите игри и резултатите во Вилнус го донесоа овој ранг на Македонија со вкупно 373 поени. Разликата меѓу Македонија и Грузија која е пред нас на ранг листата е минимална односно само половина поен – Грузија има 375,50 поени.
Воедно нашата репрезентација е рангирана како 30-та во Евро-африканската зона притоа првите 30 репрезентации сите се од Европа.
На првите пет места на ранг листата се наоѓаат репрезентациите на Канада, Чешка, Италија, Австралија и САД.