Машина за перење алишта - Фото: Freepik

Жените масовно ставаат влажна марамчиња во машината за перење: Причината ќе ве изненади

Се случува вашата облека да биде полна со влакна дури и по перењето? Ова е чест проблем ако имате долга коса или домашен миленик. Можете да перете повторно и повторно, но влакната упорно остануваат. Добрата вест е дека повеќе не ви требаат скапи производи за отстранување влакна од облека, решението е многу поедноставно.

Користете влажни марамчиња

Веројатно имате пакување влажни марамчиња дома. Ефектот ќе биде изненадувачки ако ги користите при перење. Додадете 2-3 влажни марамчиња во машината за перење заедно со облеката и потоа вклучете ја.

Важни правила:

Не користете повеќе од 3 марамчиња на околу 7-8 кг облека.

Марамчињата ќе функционираат како „ловец“ на влакна, собирајќи ги од облеката.

Тие се многу побезбедни за материјалот од хемиските средства за отстранување влакна.

Како „работат“ марамчињата?

Површината на влажните марамчиња привлекува коса и влакна од домашни миленици, како и другата нечистотија што се лепи на облеката. За најдобри резултати:

Користете разградливи марамчиња, за да избегнете проблем доколку се заглават во машината. Проверете го пакувањето.

Марамчињата треба да бидат доволно цврсти да не се распаднат за време на перењето. Можете да ги тестирате така што ќе се обидете да ги скинете со рака – ако ви треба голема сила или не можете, тие се доволно цврсти.

Со ова едноставно трикче, вашата облека ќе излегува од машината чиста и без влакна, без дополнителни средства или напор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот