Жени водете љубов почесто, подобро ќе паметите!

профимедиа

Секојдневниот секс е добар од многу здравствени причини, а една од нив е и ослободувањето од стрес. Но, според новите резултати од студија спроведена на Универзитетот МекГил во Канада, жените кои почесто водат љубов, подобро паметат, пишува Independent.

Истражувањето се однесувало на тоа како пенисно-вагиналниот однос влијае на женскиот мозок, а крајниот резултат е дека жените кои почесто имаат секс полесно паметат апстрактни зборови.

Научниците во студијата ја откриле врската меѓу сексот и растот на нервното ткиво во хипокампусот, дел од мозокот одговорен за контрола на емоции.

Во студијата учествувале жени помлади од 30 години на кои им биле прикажувани фотографии од лица и апстрактни зборови. Тие исто така пополниле анкета за тоа колку често имаат секс, а резултатите се дека оние жени кои почесто водат љубов имаат подобра меморија. Всушност, студијата покажала дека полесно паметат апстрактни зборови. Истото нема влијание на паметењето лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот