ЖЕНА СНИМЕНА КАКО КРАДЕ БЕБЕ ОД БОЛНИЦА: Уште поголем шок следел кога објаснила зошто го направила тоа! (ВИДЕО)

принтскрин

Тајланѓанката Сривалук Акетамсатиен (27) призна дека украла новороденче од породилиште затоа што, како што вели, била исплашена да му каже на нејзиниот сопруг дека го загубила своето бебе.

Бидејќи нејзниот маж бил возбуден што ќе стане татко, таа не можела да му соопшти дека минатиот месец имала спонтан абортус.

Затоа Сривалук лажела дека и натаму е бремена, па отишла во болница во Панг Нга каде се спријателила со еден пар кој штотуку добил ќерка.

Тогаш му се јавила на сопругот и му кажала дека ќе остане во болница преку ноќта, бидејќи наводно ќе се породи.

Следното утро таа се понудила да му помогне на споменатиот пар, а потоа им го земала бебето, но сето тоа го снимиле безбедносните камери.

Побегнала со мотор и го однела бебето дома каде што му го покажала на сопругот. Тој и поверувал дека тоа е неговата ќерка. Меѓутоа, набрзо била пронајдена од полицијата.

Била уапсена истиот ден и потоа го признала делото, па сега и се заканува затворска казна од 3 до 5 години.

https://www.youtube.com/watch?v=HPeOiumiWQE&feature=emb_title

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот