„Железниот“ Мајк Тајсон најави спектакл против Ленокс Луис!

Фото: EPA-EFE/JOE SCARNICI HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES/ONE TIME USE ONLY

Мајк Тајсон не успеа да договори ревијален меч со Ивандер Холифилд. Поточно, организаторите не можеа да му платат повеќе од 25 милиони долари, па го најдоа Кевин МекБрајд за ривал на Холифилд, со кого ќе ги вкрсти ракавиците на 5 јуни.

Но, ваквиот потег не го обесхрабри „Железниот Мајк“ да се врати од пензија, по ревијалната борба со Рој Џонс Јуниор, веќе договори меч против уште еден великан, Ленокс Луис.

– Ќе се борам со Ленокс во септември – потврди Тајсон за американскиот канал „ТМЗ“.

Двајцата боксерски пензионери се сретнаа еднаш за време на нивната активна кариера. Во јуни 2002 година, Британецот го нокаутира Американецот во осмата рунда и со тоа ги одбрани титулите во тешка категорија во верзиите ВБЦ, ИБФ и ИБО.

Уште во февруари, Тајсон (50-6) започна да зборува за можна борба со Луис (41-2-1), на што веднаш се согласи, но под услов „јавноста навистина да го сака тоа“.

Љубителите на боксот, особено малку постарите, рекоа дека би сакале повторно да го видат човекот кој ги победи легендите Виталиј Кличко, Ивандер Холифилд, Шенон Бригс, Реј Мерсер, Френк Бруно и, се разбира, Мајк Тајсон.

Сите се желни за судир на (поранешните) титани, станува само да се одреди датумот и да се подготват двајцата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот