Фото: vfmkd.org.mk

Жарко Ристоски и Ал Хилал ја одбранија титулата во одбојкарскиот шампионат на Саудиска Арабија

Втора година во низа македонскиот стратег Жарко Ристоски и Ал Хилал се шампиони во одбојкарското првенство во Саудиска Арабија. На едно коло до крајот на сезоната екипата на Ристоски ја потврди одбраната на шампионската титула, а официјалното крунисување треба да се случи в сабота.

Клучен момент за продолжување на доминацијата во Саудиска Арабија беше гостинската победа над лидерот Ал Ахли од 3:1 со која Ал Хилал го презема врвот, во пресрет на завршницата од првенството.

Во претпоследното коло викендов, пак, во градското дерби Ристоски и неговите одбојкари се радуваа против Ал Насер со 3:1, додека нивниот главен конкурент за титулата, Ал Ахли загуби од Итихад со 3:1.

На коло до крајот (се игра по двокружен бод систем по кој првопласираниот тим е шампион) Ал Хилал има две победи предност пред Ал Ахли, кој е втор. Без разлика на резултатите од последното коло Ал Хилал е шампион за сезоната 2025/2026.

Ристоски и Ал Хилал имаат перфектна сезона со оглед на тоа дека ги обединија трите круни. Претходно тие го освоија Интернационалниот клупски шампионат, како и Сауди Националниот куп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот