Жан Клод Ван Дам и упати порака на српската пејачка Драгана Мирковиќ: Бакнежи, ми недостигате! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Познато е дека пејачката Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони се добри пријатели со актерот Жан Клод Ван Дам и поради тоа тие меѓусебно си пружија поддршка во овие тешки времиња .

Драгана на својот профил на Инстаграм објави видео-порака која Ван Дам и ја упати до неа и нејзиното семејство.

– Вистинските пријатели наоѓаат начин да пружат поддршка и кога изгледа тоа дека е невозможно. Ти благодарам од срце, драг пријателе – напишала пејачката во описот на видеото.

– Тони и Драгана, ви благодарам од срце за цела оваа поддршка сите овие години. Јас сум голем почитувач на вашата музика и вашето семејство. Бакнеж за вас, ми недостигате. Наскоро ќе бидеме сите заедно. Бакнеж за вашето семејство – рекол Ван Дам во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот